Ладен туш од бугарското Собрание: Нема тргање на ветото за Македонија
Советот на министри (Владата) не се подготвува да го укине ветото за членство на Македонија во Европската Унија. Дефинитивно нема самостојна одлука за укинување на ветото, изјавил денеска претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев.
Според него, ова е тема што може многу погодно да се искористи за политички цели.
-Нема вистинска причина да се каже дека ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија. Бугарската позиција по ова прашање е јасна и очекуваме имплементација на Договорот за добрососедство и пријателство и другите договори, констатирал Минчев за „БНР“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…
Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…
Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…
Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…
Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…
Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…
Јотова ја слави победата на претседателските избори…
Илијана Јотова по изборната победа им се…