Ладна ќе биде зимата: Кина го прекинува извозот на течен природен гас во Европа!
Кина им препорача на државните увозници да престанат со препродажба на течен природен гас (ЛНГ) на странски клиенти, бидејќи владата сака да обезбеди безбедно снабдување на своето население во зимската грејна сезона, објави денеска агенцијата „Блумберг“.
Упатени во оваа работа изјавија за американската новинска агенција дека Националната комисија за развој и реформи побарала од компаниите PetroChina, Sinopec и CNOOC да ги зачуваат зимските залихи за домашна употреба, пренесува Раша Тудеј.
Домашната побарувачка за енергија во Кина е намалена во последните месеци, што го натера Пекинг да го препродаде вишокот на ЛНГ на глобалниот пазар. Меѓу главните купувачи беа Европа, Јапонија и Јужна Кореја.
„Кина има големи договори за купување на ЛНГ со извозници како што се САД, па трговците од таа азиска земја пренасочуваат дел од своите испораки во Европа оваа година поради слабата побарувачка дома“, велат експерти.
Бројките покажуваат дека испораките на гас од Русија во Европа паднале од 40 отсто на девет отсто, додека увозот на ЛНГ во Европската унија пораснал за 60 отсто на годишно ниво, и покрај тоа што е многу поскап од испораките на гасоводот.
Сепак, сегашните прогнози за мал дефицит во снабдувањето со гас веројатно го поттикнаа Пекинг да го направи овој потег, бидејќи владата вети дека ќе ги загрее домовите оваа зима. Претседателот Си Џинпинг, исто така, се осврна на прашањата за енергетската безбедност за време на неговиот двочасовен говор во неделата.
Според Блумберг, намерата на Кина да обезбеди домашно снабдување со гас може да ги исцрпи пратките во Европа и да ја влоши енергетската криза во регионот оваа зима.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реномиран шпански весник: Северна Европа се подготвува…
Иако нордискиот модел денес се соочува со…
Кина и Велика Британија треба да ги…
Кина и Велика Британија треба „да ги…
Над илјада заразени во Европа од западнонилска…
Повеќе од 1.000 случаи на инфекција со…
ЕУ ќе издвои дополнителни 200 милиони евра…
Европската унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони…
Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…
Венко Филипче кој има главна улога во…
