Лажна е веста дека застарувањето во „Траекторија“ е поради измените во Кривичниот Законик
Лажна е веста дека гонењето во предметот Траекторија во делот на обвинението против Никола Груевски застарел заради измените на Кривичниот законик.
Никола Груевски беше обвинет по сосема друг член од другите тројца обвинети, односно истиот член по кој беше обвинет во случајот “Тенк”- “Примање награда за противзаконито влијание” од чл 359 ст 2 од Кривичниот Законик кој воопшто не беше предмет на измените на кривичниот законик пред два месеци.

Случајот, по желба на екс-премиерот Зоран Заев го водеше обвинителката Лиле Стефанова која ценеше дека “влијанието” е остварено со тоа што Груевски телефонски побарал од министерот Јанакиески автопатот од 49 км од Кичево до Охрид да се заврши за две наместо за три години, а “користа” односно, потенцијалната “наградата” ја лоцираше во тоа што во тој период од две години се поклопувал со следните редовни парламентарни избори кои требало да се случат во 2015 година (иако една година подоцна се случија предвремени парламентарни избори во 2014 година) на кои според претпоставката на обвинителката Груевски сакал да има корист со завршениот пат во смисла привлекување поголем број гласачи кои би биле задоволни што автопатот е завршен и би гласале за неговата партија.

Така обвинителката процени претпоставена награда од победа на изборите и со тоа зголемување на неговата моќ и влијание.
Интересно е што кога се поднесе обвинението беше поднесено во време кога веќе се знаеше дека наместо во 2015 година, изборите беа организирани во 2014 година.
Максималната казна по оваа квалификација е три години, што значи застарувањето е за шест години, што пак истече уште во 2019 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…
Полициски службеници од СВР Охрид на 26…
Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи…
Трагедија во Кичево: 37-годишен маж загина во…
На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР…
Охрид на чекор да биде прогласен за…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача…