ЛАЖНА Е ПРИЈАВАТА ЗА ИСЧЕЗНАТО ДЕТЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО!

Лажна е пријавата за наводно исчезнато дете во Клинички центар, пријавителката е лишена од слобода. Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во координација со ОЈО Скопје го расчисти случајот со наводно исчезнато дете на Клинички центар и утврдено е дека станува збор за лажна пријава од страна на Л.А., велат од МВР.
Веднаш по добиената пријава, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје, а во консултација со ОЈО Скопје преземени се соодветни мерки и активности. Направени се детални проверки во системот на Гинеколошко акушерска клиника Скопје за примени пациенти, и притоа констатирано е дека Л А. последен пат е хоспитализирана во 2019 година. Исто така направени се проверки во системот на Детска клиника и притоа не е забележано новородено дете како што пријави Л.А.. Направени се проверки во ординацијата на матичниот лекар на Л.А. и притоа констатирано е дека таа била на преглед на 08.03.2023 година каде што од страна на докторот е констатирано дека Л.А. не е трудна. Извршен е разговор со докторот и од прибраните докази е констатирано дека пријавата на Л.А. е лажна. Во консултација со дежурен јавен обвинител Л.А. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошно постапување, соопштија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
„Па нели јас манипулирав за одговорноста на…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…