Лажниот принц на Црна Гора кој се сретна со Заев под истрага
Кабинетот на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вторникот побара внатрешна истрага со која би се утврдило како Стефан Чернетиќ, кој лажно се претставува како принц на Црна Гора и Македонија, присуствувал на прославата на Денот на државноста која се одржа во Цетиње.
На 13 јули Чернетиќ на својата Фејсбук страница објави фотографии од прославата на Денот на државноста, организирана од Ѓукановиќ.
„Чернетиќ не беше на списокот на гости што го состави Кабинетот на претседателот на Црна Гора. Канцеларијата на претседателот не е одговорна за проверка на гостите кои влегуваат на рецепција“, изјавија за БИРН од кабинетот на Ѓукановиќ.
Лажниот принц во септември 2018 година беше во Скопје каде што се сретна со тогашниот премиер Зоран Заев и му додели одликување.
Откако Чернетиќ објави фотографии од средбата во кабинетот на Заев, од владата соопштија дека станува збор за „неофицијална средба од неформален карактер со лицето Стефан Чернетиќ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…
Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…
Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…
Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…
Путин ја презема одговорноста за нападите на…
Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…
Oбид за убиство во гостиварско Чегране
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Димовски: Србија го следи примерот на македонската…
Политичките случувања и протестните движења во Србија…