Лажни пораки од „Безбеден град“ крадат информации од граѓани: Бидете внимателни!

t

Министерството за внатрешни работи предупреди дека во изминатиот период се регистрирани фишинг напади преку лажни СМС пораки, електронска пошта, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи.

Како што информираат од МВР, измамниците испраќаат пораки кои лажно се претставуваат како известувања од системот „Безбеден град“ или од Одделот за моторни возила. Во нив се наоѓа лажен линк преку кој од граѓаните се бара да платат наводна казна за сообраќаен прекршок.

Од Министерството апелираат граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и пораки, да не споделуваат лични податоци, броеви од банкарски картички, лозинки или други чувствителни информации преку неовластени канали. Исто така, препорачуваат да се провери адресата на испраќачот, да се користи двофакторска автентикација (2FA) и секоја сомнителна порака да се пријави во надлежните институции или во банката.

МВР појаснува дека официјалните СМС известувања за сторен сообраќаен прекршок се испраќаат од испраќач „MVR-SC“, задолжително содржат регистарска ознака на возилото и линк што започнува со https://safecountry.mvr.gov.mk…

Од Секторот за компјутерски криминал при МВР информираат дека продолжуваат со истрагите и преземањето мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…