Лажни се дојавите за бомби на скопскиот аеродром!
Полицијата информира дека завршени се проверките на меѓународниот аеродром Скопје и дел од училиштата, при што е утврдено дека лажни се дојавите за експлозивни направи.
-Завршени се проверките на Аеродромот Скопје и дел од училиштата и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. По завршувањето на проверките во другите објекти соодветно ќе известиме, ни соопштија од МВР.
Поради нови закани за поставени бомби, утрово беше затворен Аеродромот, а електронски пораки со иста содржина добија повеќе училишта, хотели и институции во македонскиот главен град, но и во Битола.
Десет училишта во Скопје и пет во Битола добиле закани, како и хотелот „Александар Палас“, хотел „Мериот“, трговскиот центар „Ист Гејт“, спортската сала „Борис Трајковски“…
Веднаш по добиените пријави, полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопшти МВР.
Заканите за поставени бомби ги затвори хотелот Александар Палас, каде што денеска во 10 часот требаше да говорат македонскиот премиер Димитар Ковачевски и министрите за економија и финансии Крешник Бектеши и Фатмир Бесими на конференција организирана од Советот за унапредување на високото образование.
Инаку, вчера дури 49 училишта во Скопје и Куманово добија дојави за бомби, за кои е утврдено дека се лажни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кос доаѓа во Скопје на средба со…
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос ќе се…
Кривична пријава против 16-годишно момче од Скопје:…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник…
Арсовска за Николоски: Пренесете му на неписмениов…
Ќе му пише ли некој на неписмениов…
Дезинсекција против комарци, од сабота до четврток…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на…
Митески да одговори каде се ветените нови…
Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром…