Лазаревски: Кога видовме дека можеме да се носиме со врвни селекции, амбициите ни се повисоки
„Малку сме со измешани чувства по натпреварот со Унгарија, имавме и тоа каква шанса да го добиеме тој натпревар. Но, не обрнуваме многу внимание сега на тој натпревар. Следи дуел што тотално ќе се разликува од претходниот. Тоа се играчи со сосема поинава антропологија од унгарскиот тим. Играта ќе ни биде поставена на поинаков начин, од корен ќе ни биде променета. Откако видовме дека можеме да се носиме со многу поквалитетни репрезентации, амбициите ни се на повисоко ниво. Победа за нас би била идеалната цел, а мислам дека е и тоа како остварлива во актуелнава ситуација. Не би одвојувал дали повеќе ми одговара Холандија или Унгарија на стилот на игра, треба само предностите што би ги имале против нив да ги модификуваме“, изјави Милан Лазаревски.
„Не се сомневам, оваа репрезентација апсолутно поседува квалитет за да им парира на репрезентациите во првото и второто коло. Ги цениме многу македонските навивачи кои одвоиле средства и време за да го поминат овој пат и да ни бидат ветер во грб и додатен мотив. Навистина, улогата што тие ја играат на овие натпревари е енормна и препознатливи се по нивната жестина, темелност и љубов кон овој спорт и тоа како ни се од големо значење на секој натпревар како дополнителна мотивација и да имаме што подобар резултат со нивното присуство“, истакна Лазаревски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…