Објавено на:

Лазаров: Во иднина добро ќе размислам кого ќе го повикам да игра за националниот дрес

t

Македонската ракометна репрезентација вчера во еден динамичен и неизвесен натпревар ја совлада репрезентацијата на Турција и го продолжи континуитетот на настан на европските првенства.

Во изјава за медиумите, по натпреварот селекторот Кирил Лазаров истакна дека овој натпревар “му ги отворил очите” и дека следен пат добро ќе размисли кого ќе повика да игра за репрезентацијата.

-„Ние бевме фаворити на хартија, тоа сите го знаевме и свесни дека сме фаворити. Но, Турција не беше иста, имаше двајца до тројца играчи повеќе. Во изминатите два дена бев доста нервозен, не бевме фокусирани и коцентрирани, си мислевме дека се е завршено. Мора да сме спремни за борба со секој противник, од почеток до крај. Од минус четири, дојдовме до плус четири, ме радува пресвртот, ама увидов на некои работи дека во иднина треба добро да размислам кого ќе го повикам во националниот дрес. Јас пробувам да им дадам шанса на сите, меѓутоа во иднина ќе внимавам, ми се отворија очите, затоа што работи кои се повторуваат, треба да се решаваат. Честитки за момците, се изборија за победата машки. Не е исто да се заврши со пораз и со победа. Она кое го направивме ќе ни служи многу, но и доста работи ќе мора да менуваме. Не е дека не сум задоволен, туку имам само визија плус“, изјави Лазаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…