Објавено на:

Лазаров задоволен: Ги изненадивме Чесите, не можам да не бидам задоволен од момците

t

Македонскиот ракометен селектор Кире Лазаров не крие дека е задоволен од изданието на своите избраници, но жали што не е освоена барем минимална победа која ќе донесеше радост за неговите избраници.

„На момците веднаш по мечот им честитав за одиграното и храброста затоа што да бидеме искрени никој не очекуваше еден таков натпревар против фаворизираната Чешка во кој во еден момент имавме и седум гола предност (10-17). Испучитувавме се што бевме договорено, но на крај ете ни се случи резултат кој ќе не држи будни за реваншот“ – ни изјави Лазаров веднаш по мечот, веднаш дополнувајќи:

„Знам дека ги изненадивме Чесите и сега за реваншот сигурно ќе се подготват уште подобро. Знам дека имаме добар резултат кој сме го немале во еден ваков бараж натпревар. Ако некој ова ми го понудеше пред натпревар, јас како селектор со две раце ќе го прифатев затоа што знаеме која е Чешка и каква репрезентација е. Но, мора да кажам дека и жалам што не победивме, па макар минимално но ете на крај не реализиравме и некои зицери. Жал ми е што момците не се израдуваа на крај, затоа што ете имавме крај на дуелот каков што имавме а навистина заслуживме победа. Тажни се само поради резултатот, а не поради играта која навистина беше на високо ниво, со колективот во преден план онака како што треба против една европска селекција. Треба добро да се подготвиме за реваншот и со ладни глави да пристапиме на дуелот со далеку поголема агилност и во нападот и во одбраната за да се пласираме на Светско првенство. А за денеска, се на се навистина преодна оценка. Мора да бидам задоволен, не можам поинаку!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лазаров ги пофали ракометарите: Многу сум среќен…

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров,…

Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил

Министерството за внатрешни работи на Украина објави…

Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…

Не може да има „пасивен став“ кога…

Лазаров го изигра својот последен натпревар

Кире Лазаров го одигра својот последен меч…

Лазаров објави крај на кариерата

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил…