Објавено на:

Лазаров објасни зошто Манасков не е во составот против Португалија: Треба да сакаш да играш за репрезентацијата

t

За оние што не ги следат толку случувањата со националниот тим на Македонија, беше изненадување отсуството на крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски од поширокиот список пред двомечот со Португалија од квалификациите за ЕП 2024.

Но за оние што се малку повеќе инволвирани во настаните, и оние што беа присутни во Краков, а особено во Плоцк на Мундијалот, ова беше очекувано.

Селекторот Кире Лазаров вели дека против Португалија ќе им даде шанса на помладите леви крила, Кузманоски и Атанасијевиќ, но дека Манасков би можел да се врати во националниот тим.

„После СП решив да им дадам шанса на помладите играчи, од типот на Цветан Кузманоски кој што е голем талент и покажа дека може да се натпреварува на ова ниво и Петар Атанасијевиќ, кој на СП на последните мечеви покажа дека располага со огромен потнцијал на кој што во иднина треба да се смета. Значи и со овој ростер имаме квалитет. Се надевам дека ќе бидеме компетитивни и да се избориме за позитивен резултатот. За Манасков, вратата е отворена. За оваа репрезентација, за национална селекција треба да сакаш да играш. За никого не е затворена вратата, одлуката не е конечна“, вели Лазаров.

Македонија и Португалија првиот натпревар ќе го одиграат во Скопје на 9 март, додека реваншот е во Матосињос на 12 март. Двете селекции практично се веќе пласирани на ЕП, а сега ќе се борат за првото место во групата.

Извор: 24 Ракомет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

Во Португалија протести поради трошоците за живот…

Неколку движења за правата на станарите и…