Лазаров: Очекував тежок натпревар, но Македонија беше подобра!
Македонија го совлада Луксембург во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското ракометно првенство во Германија и, практично, обезбеди пласман, кој треба само да го потврди в недела против Турција, во Скопје.
Можеби не беше триумф како оној во Скопје, есеноска, со 14 разлика (38-24), но Македонија го надигра Луксембург и селекторот Кирил Лазаров е задоволен од победата, особено од тоа како ја искористи клупата.
„Не беше лесно да се победи денеска. Подобри сме од Луксембург и бевме фаворити, но секогаш е тешко да победите кога не играте дома, пред своите навивачи. Очекував тежок меч, но бевме фокусирани и концентрирани 60 минути. Ја искористивме ротацијата и на крај го добивме натпреварот“, изјави Лазаров по мечот.
Додаде и дека сега преостанува да се прослави пласманот пред македонската публика, в недела. Билетите за тој меч вчера беа пуштени во продажба, по цена од 100 денари, па се очекува полна сала. Македонскиот екипаж се враќа од Луксембург денеска во 14 часот, а од вечерва ќе продолжи со тренинзи во „Борис Трајковски“.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…