Лани во Украина се регистрирани над 900 жртви од касетна муниција
Во Украина минатата година имало над 900 жртви од касетна муниција, се наведува во денеска објавениот извештај на Центарот за мониторинг на употреба на касетна муниција.
Според извештајот, со ова, бројот на загинати и повредени од оваа муниција во светот достигна рекордно ниво од 2010 година. Во 2022 година, најголемиот број од вкупно 1.172 смртни случаи од касетна муниција ширум светот биле во Украина.
Само во Украина, во нападите со овој вид оружје во 2022 година загинале или биле повредени најмалку 890 луѓе, од кои повеќето цивили. Според извештајот, Русија во голема мера користела касетни бомби во Украина од почетокот на нејзината инвазија во февруари 2022 година, додека Украина ги користела во помала мера.
На глобално ниво, 1.172 нови смртни случаи од касетна муниција беа пријавени во 2022 година во осум земји, вклучувајќи ги Азербејџан, Ирак, Лаос, Либан, Мјанмар, Сирија, Украина и Јемен. Од загинатите и повредените, 987 биле жртви на напади со касетни бомби, а најмалку 185 луѓе биле жртви на остатоци од касетна муниција. Дури 95 отсто од жртвите биле цивили. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…
Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…
Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…
54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка
На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…
ФЗО: Од утре лекот Myfortic без доплата
Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе…
Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…
МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…