Лафчиски: Армијата е целосно подготвена да ја одбрани државата

t

Во Домот на Армијата во Скопје денеска се одржа редовното годишно реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова. На настанот присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и генерали од Армијата.

Реферирањето го одржа началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој ги презентираше реализираните задачи и постигнатите резултати во областа на персоналот, обуката и вежбите, опремата и инфраструктурата, военото планирање, модернизацијата и буџетот. Тој истакна дека Армијата е целосно подготвена да ја извршува својата уставна улога во одбраната на државата, како и да ги исполнува националните и меѓународните обврски, вклучително и придонесот во колективната одбрана и мировните операции.

Генералот Лафчиски нагласи дека во изминатата година успешно се реализирани сите планирани задачи, при што беше потенциран високиот степен на подготвеност на припадниците на Армијата, напредокот во модернизацијата и значајната улога на македонските мировници во зајакнување на регионалната и глобалната безбедност. Тој додаде дека и покрај тоа што борбената готовност е на потребното ниво, Армијата ќе продолжи со нејзино континуирано унапредување во согласност со целите на способности кон НАТО за 2025 година.

Претседателката Сиљановска-Давкова оцени дека македонската армија претставува еден од најстабилните и најдоверливите столбови на државата и значаен фактор на регионалната и колективната безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лафчиски: Армијата е целосно подготвена да ја…

Во Домот на Армијата во Скопје денеска…

Војниците без униформи, кабинетот на Мисајловски како…

Најтранспарентното министерство за 2025 година – Министерството…

Претседателката Сиљановска-Давкова и генералот Лафчиски традиционално на…

Претседателката и врховен командант на Вооружените сили,…

Полковник Кире Николовски е првиот офицер на…

Министерството за одбрана и вооружени сили на…

Утре почесна артилериска стрелба по повод Денот…

АРМ информира дека утре со почеток во…