Полковник Кире Николовски е првиот офицер на АРМ одликуван со францускиот Сребрен медал за национална одбрана

t

Министерството за одбрана и вооружени сили на Република Франција денес во Битола го одликуваше со Сребрен медал за национална одбрана, полковникот на македонската армија, Кире Николовски.

На свечена церемонија што се одржа во присуство на амбасадори и претставници на амбасади од повеќе европски држави, како и делегација на Општина Битола, полковникот Кире Николовски беше промовиран како високо стручна личност, претставник на вооружените сили на нашата земја.

„Во текот на 2023-2024 година полковник Кире Николовски од вооружените сили на Македонија посетуваше обука во Воената Школа во Париз. Во текот на обуката тој извонредно се интегрираше меѓу армиската, и меѓу народната средина, во која претстави прекрасна слика за неговата татковина. Во оваа свечена пригода сакам да се заблагодарам на македонските власти што на француската армија и ја доверија обуката на високо ниво на полковникот Николовски. Тоа ќе се покаже исплатливо за неговата интероперабилност заедно со француските сили на мултилатерален и билатерален план. Полковник Кире Николовски, во име на министерот за одбрана и вооружените сили на Франција ви доделуваме Сребрен медал за национална одбрана, беше речено на свеченоста во Битола.

Медалот, кој за прв пат го добива припадник на македонската Армија, беше доделен од страна на воениот аташе на Француската Република, по повод постигнатиот успех за време на школувањето како офицер на 31. класа на Школата за национална одбрана „Écoles de Guerre“.

Овој чин претставува значајна потврда за соработката меѓу Армијата и Вооружените сили на Франција, како и признание за професионалните достигнувања на нашите офицери, велат од Армијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…

Сакам да информирам за една преубава вест,…

Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…

Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…

Професионалните војници по 45 години ќе можат…

Професионалните војници кои ќе наполнат 45 години…

Сиљановска: Македонската Армија покажа дека и мала…

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили,…

Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина…

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази…