Лафчиски: Армијата е целосно подготвена да ја одбрани државата
Во Домот на Армијата во Скопје денеска се одржа редовното годишно реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова. На настанот присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и генерали од Армијата.
Реферирањето го одржа началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој ги презентираше реализираните задачи и постигнатите резултати во областа на персоналот, обуката и вежбите, опремата и инфраструктурата, военото планирање, модернизацијата и буџетот. Тој истакна дека Армијата е целосно подготвена да ја извршува својата уставна улога во одбраната на државата, како и да ги исполнува националните и меѓународните обврски, вклучително и придонесот во колективната одбрана и мировните операции.
Генералот Лафчиски нагласи дека во изминатата година успешно се реализирани сите планирани задачи, при што беше потенциран високиот степен на подготвеност на припадниците на Армијата, напредокот во модернизацијата и значајната улога на македонските мировници во зајакнување на регионалната и глобалната безбедност. Тој додаде дека и покрај тоа што борбената готовност е на потребното ниво, Армијата ќе продолжи со нејзино континуирано унапредување во согласност со целите на способности кон НАТО за 2025 година.
Претседателката Сиљановска-Давкова оцени дека македонската армија претставува еден од најстабилните и најдоверливите столбови на државата и значаен фактор на регионалната и колективната безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…
Сакам да информирам за една преубава вест,…
Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…
Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…
Професионалните војници по 45 години ќе можат…
Професионалните војници кои ќе наполнат 45 години…
Сиљановска: Македонската Армија покажа дека и мала…
Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили,…
Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина…
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази…