Лајчак: Време е Западен Балкан да постигне брз напредок на патот кон ЕУ
Време е Западен Балкан да постигне брз напредок на патот кон ЕУ, изјави специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
Тој нагласи дека предизвиците со кои се соочуваат од секоја од земјите од Западен Балкан на тој пат се единствени и дека не може да се користи единствен пристап што ќе им одговара на сите.
„Истовремено, итноста за вклучување на нови членки во Унијата, нагласена со војната во Украина, не е дочекана со ентузијазам, туку со стагнација и уназадување во регионот.
Ова мора брзо да се промени, бидејќи сега е време за интеграција во ЕУ“, напиша Лајчак на својот Фејсбук профил, откако беше гостин на самитот „Да се биде безбеден“ во Будва.
Лајчак посочи дека различните околности и фази со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ бараат единствен и адаптиран пристап за Европската унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…