Објавено на:

Лајчак на средба со шефот на ЕУЛЕКС и командантот на КФОР: Потребна е итна деескалација

t

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, зборуваше за време на неговиот престој во Приштина, на одвоени средби со новиот шеф на Мисијата на ЕУЛЕКС на Косово, Џовани Пјетро Барбан и командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристиќ.
Лајчак посочи дека итно се потребни чекори за деескалација на тензичната ситуација на северот на Косово.

„Важна и корисна размена со новиот шеф на мисијата Еулекс Барбан и командантот на КФОР Ристуца. Разговаравме за моменталната тензична ситуација на северот на Косово, итната потреба од конкретни чекори за деескалација на сите страни и можностите за нашите организации да придонесат“, напиша Лајчак на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19-годишен Македонец уапсен на српско-хрватската граница: ПРЕД…

Деветнаесетгодишен македонски државјанин е уапсен на српско-хрватската…

Уапсен е декан во Нови Сад –…

Деканот на Факултетот за спорт и физичко…

Србија го раскинува договорот со зетот на…

Српската влада донела одлука за раскинување на…

Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…

Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…

Уапсени шест лица во Србија и Словенија…

Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…