Лајчак спокоен: Не очекувам драма во Косово на први септември
Лајчак: Не очекувам драма на 1 септември, рокот за табличките е два месеци.
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека остануваат уште два месеци за да се најде решение за проблемот со регистарските таблички.
Лајчак изјави дека верува оти ќе се најде решение како што е најдено за личните карти, додавајќи дека на партнерите им предложиле некои идеи.
На прашањето дали и Приштина го потврди рокот од два месеци, специјалниот претставник на ЕУ рече: „Да, се разбира“.
„Кампањата за пријавување започнува на 1 септември и треба да трае два месеци. Не очекувам драма на 1 септември. Нема причина за тоа. Имаме рок од два месеци да најдеме решение, како што најдовме во врска со личните карти“, изјави Лајчак и додаде дека мора да биде оптимист.
На новинарско прашање за решението за регистарските таблички и изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ дека не е оптимист дека ќе се најде решение до 1 септември, Лајчак рече дека не смета дека решението треба да се бара до тој датум.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…