ЛДП со предлог: Патните исправи да важат до истекот на нивниот рок со печат на Северна Македонија

t

Во настојувањето да се олесни движењето на граѓаните на Република Северна Македонија надвор од границите на државата и проблемите со кои се соочуваат при нивните патувања, но и престој во странство, пратениците на Либерално-демократската партија предлагаат дополнување на Законот за патните исправи.

-Предложените дополнувања се насочени кон унапредување на патните исправи и дефинирање на јасни правила за државјаните на земјава, при што ќе се овозможи непречено движење на граѓаните надвор од границите и повторно враќање во истата со поседување на валидна патна исправа, односно патна исправа која содржи печат на Република Северна Македонија со која државата го потврдува идентитетот на лицето и важи до истекот на рокот на важноста на патната исправа, појаснуваат од ЛДП.

Според партијата оваа иницијативата е мотивирана од потребата за доследно почитување на уставно загарантираните права на слобода на движење. Промените се предложени по итна постапка поради нивната значајност за основните човекови права и не пдонесуваат дополнителни финансиски импликации на буџетот ниту на граѓаните ниту пак на државата.

-За нас секој е важен и сметаме дека патната исправа која важи како потврда со која државата гарантира за идентитетот на нејзиниот сопственик може да биде валидна и со печатот Република Северна Македонија до истекот на рокот на важноста на истата, а потоа да биде соодветно заменета на нов образец. Со ова сметаме дека не се нарушува Преспанскиот договор кој доведе до исполнување на државна цел – членството во Нато, додаваат од ЛДП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…