ЛДП утре на партиски когрес ќе избира претседател на партијата: Зајкова единствен кандидат
Под слоганот „Обединето, храбро, гласно!“, Либерално-демократска партија (ЛДП) утре во Скопје ќе го одржи 8. конгрес на кој ќе се бира новиот партиски претседател.
На конгресот закажан за 12:00 часот, покрај делегатите, ќе присуствуваат и претставници на политичките партии од земјава и соработници, како и интернационалните гости и поддржувачи на ЛДП.
Како што информира ЛДП, свое претставување ќе има кандидатката за претседателка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова, а предвидени се и обраќања на Роман Јакиќ, претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа, Лилјана Танги членка, на движењето „Напред!“ пратеничка во Националното собрание во Франција, Хакима Ел Хаите, претседателка на Либерална Интернационала и Илхан Ќучук, европратеник, воедно и известувач за земјава, лидер на Европските Либерали – АЛДЕ, претставник на бугарската партија ДПС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП предлага да се забрани ТикТок: „Време…
ЛДП најостро го осудува неодговорното и неконтролирано…
ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме…
Либерално-демократската партија најостро го осудува секој чин…
Зајкова: ЛДП се стреми да биде власт,…
„ЛДП во парламентот делува независно и делуваше…
Централен одбор на ЛДП: Апсолутна поддршка и…
Централниот одбор на Либерално Демократска Партија ЛДП…
ЛДП: Граѓаните се соочуваат со високи банкарски…
Либерално-демократската партија повикува на итно усвојување на…