ЛДП утре на партиски когрес ќе избира претседател на партијата: Зајкова единствен кандидат
Под слоганот „Обединето, храбро, гласно!“, Либерално-демократска партија (ЛДП) утре во Скопје ќе го одржи 8. конгрес на кој ќе се бира новиот партиски претседател.
На конгресот закажан за 12:00 часот, покрај делегатите, ќе присуствуваат и претставници на политичките партии од земјава и соработници, како и интернационалните гости и поддржувачи на ЛДП.
Како што информира ЛДП, свое претставување ќе има кандидатката за претседателка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова, а предвидени се и обраќања на Роман Јакиќ, претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа, Лилјана Танги членка, на движењето „Напред!“ пратеничка во Националното собрание во Франција, Хакима Ел Хаите, претседателка на Либерална Интернационала и Илхан Ќучук, европратеник, воедно и известувач за земјава, лидер на Европските Либерали – АЛДЕ, претставник на бугарската партија ДПС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Не се гордејте со просекот на матурата…
Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение реагира на…
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…
На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН евролибералите…
На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН, Европските…
Зајкова: Ни се потсмеваа пред една година…
По последните информации кои доаѓаат од Град…
ЛДП слави 29 години постоење: Македонија може…
„На 19 април 1997 година, во Македонскиот…