Леброн Џејмс со нов рекорд: Постана првиот активен НБА кошаркар кој стана милијардер
Леброн Џејмс има уште една „титула“ во својата колекција – стана милијардер. Според магазинот „Форбс“, ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс вреди 1 милијарда долари, со што тој станува првиот активен НБА кошаркар со ваков статус.
Легендарниот Мајкл Џордан, кој има намалено богатство на 1.7 милијарди долари, стана милијардер 11 години откако се пензионираше. Според „Форбс“, Леброн заработил 121.2 милиони долари минатата година, сума која ја надмина само Лионел Меси меѓу спортистите со 130 милиони долари.
И покрај тоа што заработи над 400 милиони долари во плати во својата НБА кариера со Лејкерси, Кливленд и Мајами, главната заработувачка на 37-годишниот Џејмс е од реклами и бизнис инвестиции – над 900 милиони долари.
Тука се вклучени неговата компанија „Спрингхил“, која го направи продолжението на „Спејс џем“, но и 1 отсто во Фенвеј спортс групацијата, која го поседува Ливерпул, Бостон ред сокс и Питсбург пенгвинс во НХЛ лигата. Џејмс исто така има 10 отсто од акциите во „Блејз“ пицериите. Тој има недвижнини во вредност од 80 милиони долари – 10 милиони долари за куќа во родниот град Акрон, Охајо и два дома во Лос Анџелес вредни 60 милиони долари.
На теренот, тој има четири НБА прстени, четири МВП награди и освои две олимписки златни медали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…