Леб, кревет и сапун – планот на германската AfD за мигрантите

t

Клубот на пратеници на AfD во Бундестагот, на вонредна седница пред крајот на парламентарната летна пауза, го дефинираше фокусот на својата работа во наредните месеци, во поглед на следните сојузни избори кои треба да се одржат на крајот на септември 2025 година.

Судејќи според содржината на усвоениот документ, во кој се наведени главните позиции на политиката на AfD, членовите на Клубот во наредниот период сакаат да се концентрираат првенствено на три области: прашањето за внатрешната безбедност, економската и социјалната политика.

Според раководството на Клубот на пратениците на AfD, доминантна тема е прашањето за миграцијата. Потпретседателот на клубот Тино Чрупала во овој контекст рече дека миграцијата е „мајката на сите проблеми“.

Овој термин веќе ѝ е познат на германската јавност. Пред неколку години тогашниот сојузен министер за внатрешни работи Хорст Зехофер го означи миграциското прашање како „мајка на сите политички проблеми во оваа земја“. Беше 2018 година, Зехофер (CSU) тогаш беше министер во владата на Ангела Меркел (CDU), пишува Deutsche Welle.

„Леб, кревет и сапун“
Во усвоениот документ групата пратеници на AfD повторно ги нагласува своите веќе познати позиции, а меѓу другото бара одвраќање на мигрантите на германските граници, депортација на лица чии барања за азил се „отфрлени“, а доколку е „потребно“ , поставувањето огради на границите. Што се однесува до лицата кои со себе немаат валидни лични документи, постапката за проверка на правото на азил воопшто не треба да се отвора.

Дополнително, AfD во усвоениот документ се залага за намалување на даночното оптоварување, враќање на нуклеарната енергија и продолжување на работниот век на електраните на јаглен. Клубот на парламентарци на AfD застанува и во одбрана на моторите со внатрешно согорување, односно системите за греење (домаќинства, на пр. уред.) со мазут и гас.

Што се однесува до социјалната политика, членовите на Клубот на претставници на AfD бараат: „Бургергелд само за Германците“ (Бургергелд е социјална помош за оние луѓе кои врз основа на сопствениот приход не можат да си обезбедат достоинствен живот), а за барателите на азил и бегалците – само бенефиции во натура, а не парични трансфери. Сето тоа, како што велат членовите на AfD, „по принципот ‘леб, кревет и сапун’“.

Вајдел спомнува апсолутно мнозинство
Лидерката на AfD и шефица на Клубот на пратеници, Алис Вајдел, ја нападна семафор-коалицијата, а во контекст на актуелните истражувања на јавното мислење, таа ја нарече владата на SPD, Зелените и „малцинството“ на FDP. Семафор-владата мора да се повлече, смета таа. Вајдел ја обвини Унијата на CDU/CSU за копирање од програмата на AfD во однос на миграциската политика.

Во исто време, Вајдел ги дефинираше повеќе од амбициозните цели на AfD за претстојните избори во Бранденбург (22 септември 2024 година) и за претстојните сојузни избори: тие одат во насока на „апсолутно мнозинство“, рече таа. Таа додаде дека само со AfD е можен „вистински пресврт по прашањето за азилот“.

Тековните и репрезентативните анкети на јавното мислење предвидуваат дека AfD ќе освои 27 отсто од гласовите. Во однос на рејтингот на национално, федерално ниво, AfD моментално ужива поддршка од 19 отсто од гласачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…