Левандовски не штедеше пофалби за Модриќ: Тоа беше совршенство!
Лука Модриќ со гол од слободен удар и донесе победа на Хрватска против Полска во натпреварот кој се играше во Осиек во рамките од второто коло во Лигата на Нации.
За Полска цел натпревар одигра напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски кој по натпреварот ја коментираше и мајсторијата на Модриќ од слободен удар.
„Хрватска одигра добро со топката во нозете, а во второто полувреме ние направивме грешка и примивме гол од слободен удар. Потоа нив им беше полесно да играат, Модриќ погоди од позиција која беше блиску до голот. Некогаш е потешко да постигнете гол од такви ситуации, но неговиот удар беше совршенство. Нашиот голман воопшто не ја ни виде топката. Беше тешко да претпостави дека ќе погоди на тој начин“, изјави Левандовски.
Задоволен од погодокот беше и самиот Модриќ кој истакна дека ваков гол не постигнал уште од времето во Динамо.
„Среќен сум што конечно го постигнав тој гол од слободен удар. Погодив и против Словачка, но со помош на противникот. Ова ми е прв директно, ако не се лажам од Динамо. Изгледа ми „лежат“ слбоодните во Осиек. Голот е убав, меѓутоа најважна е нашата игра и борбеност. Навивачите беа феноменални“, изјави Модриќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелските медиуми со различни резултати од излезните…
Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…
ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…
Очигледно вечерва во СДС на смена е…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Песков: Путин и Трамп не разговарале за…
Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…
Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…
На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…