Левица: Аманет да си го браниме јазикот од сите напади
Значајни за Македонија, но и за останатите словенски народи, Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост имале единствена мисија: да создадат писмо за својот јазик, да шират просвета, „за слепи да прогледаат и глуви да чујат“. Беа на страната на послабите и обесправените, во одбрана на оние кои немаа писмо и книги на свој јазик, создавајќи им слово, преведувајќи книги од грчки на словенски. Се бореа со мудра мисла и со моќта на ЗБОРОТ. Правично, правдоборно и со факти. Користејќи го говорот на македонските Словени од околината на Солун, Кирил ја создава првата словенска азбука – глаголицата, се вели во соопштението на Левица.
„Нивната мисија нема само просветителска кауза, туку и политичко-културолошка, општествено-дипломатска, а меѓу другото, и во смисла на декомпонирање на јазично-теолошкиот систем на тогашното германско свештенство. Солунските браќа се бореа и против тријазичноста:
„Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така еднакво за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“ Кирил Филозоф своевремено ги бранеше јазикот и писмото пред многу векови. Денешните наши тенденции се да ги поттикнуваме граѓаните на критичко мислење, а особено младите. Кирил Филозоф нека биде пример пред сите нив и пред сите нас за одбрана, конструктивност и правдоборност!
Кирил и Методиј создадоа азбука, преведуваа, просветуваа. Проблемот го решија трајно, но оставија АМАНЕТ. АМАНЕТ за да си ги браниме јазикот, азбуката и просветата од сите внатрешни и надворешни напади! Денес напади има повеќе од било кога! Но денес имаме и АРГУМЕНТИ за одбрана повеќе од било кога! Да се продолжи достојно влогот на Кирил и Методиј! Честит празник на сесловенските просветители“, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проф. Трајковски: Немам видено пациент/ка со спастична…
Немам видено пациент/ка со спастична параплегија што…
(Видео) Зеленски предупредува: Ако падне Украина, 20…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека евентуалниот…
Си-ен-ен за Македонија: „Прекрасна природа, спокојство, врвна…
Американската телевизиска мрежа CNN ја претставува Македонија…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
Клековски: Терапијата за мултиплекс склероза поблиску до…
Во Министерството за здравство денес се објавија…