Левица бараше една изборна единица и укинување на парите за рекламирање, за „скромните” ДПМНЕ тоа беше апсолутно неприфатливо

t

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични. Тие доаѓаат од партијата која зема најголем дел од колачот и на платеното политично рекламирање, со двоцифрени проценти, и партија со најдебела каса, најимотна, не само во регионот, туку и во Европа.

Фактите ги демантираат во целост. Левица во работната група пред сѐ бараше промена на изборниот модел во една изборна единица и како најразумно решение, бараше целосно укинување на парите за платено политичко рекламирање. Но, кога партиите научени да функционираат само со рекет и пари, не се согласија – баравме распределба на средствата подеднакво за сите учесници во изборите. Ниту тоа не беше прифатливо за нив.

Оваа упорност во одбивањето на секоја варијанта на фер почеток и избори открива нешто подлабоко од обична финансиска пресметка. Партија која навикнала и ја граделa својата предност токму преку нееднаквиот пристап до ресурси, логично, се плаши од секое сценарио во кој таа предност се брише или ублажува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…

Левица бараше една изборна единица и укинување…

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…

Мицкоски: СДСМ во коалиција со Левица поднесоа…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…