Објавено на:

Левица бара предвремени локални избори во Битола: Нема да ја гласаме завршната сметка!

t

Левица бара предвремени локални избори во Битола, соопштија денеска од локалниот огранок во Битола.

Во продолжение обраќањето на советникот Велевски во Советот на Општина Битола.

– Градоначалник,

Од ваш технички аспект, морате да ја образложите вашата завршна сметка и кварталниот извештај, но, ниту нас, ниту на граѓаните, не им значат бројките и цифрите кога се присутни низ градот и ја гледаат вашата реализација.

Да набројувам што направивте е’ еднакво на ништо, а ако набројувам што ветивте, а не остваривте, не треба да ја напуштам говорницата.

Очигледно е дека војувате со внатре-партиски фракции и дека не сте согласни со советници од ДПМНЕ!

Вашиот внатре-партиски раскол, не треба да биди на штета на Битолчани.

Вашиот наратив дека советот на Општина Битола го кочи процесот на вашата реализација е манипулација со јавноста.

Вашиот пристап кон нашите барања и иницијативи, всушност кои се барања на граѓаните, се токму од вас и вашиот круг закочени!

Градоначалник, ве наседнаа, и сега ве подучуваат како да се извадете од политичка ситуација, каде што барате советот да ви даде легитимитет за одредена точка за вие да се заштитите од кривичен прогон.

Денес пред на нас е голем чин, завршна сметка!

Од вашиот координатор Бојковски сме тужени за клевета дека ги објавивме расходите на општината за ресторантски и хотелиерски услуги, за денес, на вашиот извештај, да стои сума потрошена од самото 3.500.000 денари.

Ние како советничка група на Левица, ниту поддржавме буџет, ниту ќе поддржиме завршна сметка!

Ние сме спремни да ги напуштиме нашите “удобни фотељи” како што кажуваат медиумите и да одиме на предвремени локални избори, да се пресметаме и да се пребројме.

Нема да гласаме штетна и манипулативна сметка на Коњановски! – истакна Велевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават…

Левица како нова генерација млади политичари на…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Сопругата на Апасиев: Ако те плукаат СДС,…

Ако те плукаат СДС, ДПМНЕ, Алијанса и…

Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…

„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…