Левица: Ваташкиот масакр е еден од најкрвавите и најбруталните злосторства извршени од страна на бугарскиот фашистички окупатор

t

Соопштение на Политичката партија Левица:

Денес, претседателот на Левица – Димитар Апасиев, заедно со членот на Президиумот – Бранко Ристов и советникот на Левица во Општина Гевгелија Сашко Јанчев, положија свежо цвеќе на паметникот на 12 младинци, кои на денешен ден во 1943 година беа сурово стрелани од бугарскиот фашистички окупатор.

На 80 години од овој грозоморен настан, заедно со членовите на Црвена Младина и Локалниот огранок, се сеќаваме на загинатите во НОВ, со посета на Паметникот на 12 другари во близина на Ваташа.

Ваташкиот масакр е еден од најкрвавите и најбруталните злосторства извршени од страна на бугарскиот фашистички окупатор и вечен потсетник за жртвата која ја положува овој народ за конечно да се извојува слободата на македонската држава, македонскиот работник и селанец.

Смрт за фашизмот! Слобода на народот!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стотици илјади Украинци останаа без струја по…

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…

Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…

Во пукање на главниот плоштад во Краков,…

Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…

Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…

„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…

„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…

На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…

На 8 ноември 1906 година, во штипско…