Левица Велес: Еколошки холокауст, умира Езерото Младост
Еколошки холокауст и претсмртна агонија му се случува на велешкото езеро Младост, кое забрзано умира пред очите на ПОШИРОКАТА ЈАВНОСТ, реагираат од Левица Велес.
– Од денеска на неговите брегови се појави бела, непозната пифтиеста маса во форма на пена, која смрди на амонијак, а бојата на езерото е драстично променета, особено во делот на браната и хотелите.
Веднаш го информиравме Државниот еколошки инспектор кој веднаш излезе на лице место да ја констатира состојбата.
Засега молк од сите останати.
Без реакција од Градоначалникот Колев, Министерот за Животна средина Меџити и од Премиерот Мицкоски.
Езерото Младост останува на милост и немилост на безочната урбанизација која забрзано се шири, а во текот на вчерашниот ден владеачкото мнозинство на ДПМНЕ и ДУИ во велешкиот совет изгласаа продажба на нови две државни парцели во непосредна близина на езерото! – стои во објавата на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Уапсена велешанка која се обидела да го…
Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради…