Левица: Власта ја саботира ДИК и ја попречува демократијата

t

Од “Левица” обвинуваат дека власта ја саботира Државната изборна комисија и дека ја попречува демократијата.

– ВЛАСТА ЈА САБОТИРА ДИК И ЈА ПОПРЕЧУВА ДЕМОКРАТИЈАТА

Централна карактеристика на демократскиот политички систем е изјаснување на граѓаните на референдум за прашања кои се од јавно значење. Во Република Македонија реализацијата е наменски попречена и бирократски отежната.

Барањето за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво, кое го поднесе претседателот на Левица Димитар Апасиев, во процесот на собирање потписи за распишување на задолжителен дополнителен референдум, ја обелодени севкупната нефунционалност на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК на целата територија на Македонија.

Собирањето на потписите беше оневозможено да се одвива во сите подрачни оделенија и канцеларии на Државната изборна комисија на територија на целата држава.

Голем дел од канцелариите и одделенијата на ДИК се затворени, затоа граѓаните на Прилеп, Крушево, Ресен, Охрид, Радовиш, Неготино, и многу други општини, беа принудени да патувааат и по 60 километри во еден правец за да се потпишат на оваа иницијатива.

Причините, како што дознавме, се пензионирањето на вработените во тие одделенија и последователно невработување на нови кадри. Умислено, времето во кое се собираа потписите, не е соодветно за голем број на граѓани.

Сето ова создава сомнеж за ефикасноста на подрачни единици и канцеларии на ДИК во перидот кога не се одржуваат локални, парламентарни и претседателски избори.

Ова е типична саботажа на демократските капацитети и онеспособување на администрацијата. Уште еднаш, се потврдува дека го живееме крајното време на авторитарен режим со децениски континуитет, пишуваат од Левица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва голем народен собир на Левица во…

„Левица“ вечерва во Битола организира народен собир…

Даштевски: ДИК е подготвена да спроведе фер,…

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски…

Денес ќе се знае редоследот на листата…

Државната изборна комисија денеска се очекува да…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

(Видео) Левица не коалиција со криминалци и…

Јавно ги демантираме малициозните наративи изготвени во…