Левица: ВМРО-ДПМНЕ ја сведуваат потрошувачката кошничка на леб и сол

t

„Наместо вистински реформи за подобрување на стандардот на граѓаните, десничарската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ реши да го редефинира самото значење на сиромаштијата. Не ја зголемуваат минималната плата – напротив, се нафатија да ја прекројуваат потрошувачката кошничка, да ја сведат на леб и сол, за утре да можат да кажат дека „се живее“ со бедните плати што ги испорачуваат и со високите цени на кои никако не им застанаа на пат“, велат од Левица.

„Оваа ненародна власт не само што не ја чувствува реалноста, туку и свесно ја искривува. Според сите официјални податоци, најзастапени домаќинства во државата се четиричлените, но тие решија пресметките да ги прават за трочлено семејство, само за да ја намалат сумата и да си ја оправдаат социјалната нечувствителност. Ова е бесрамен обид системски да се избрише реалната беда – не преку решавање, туку преку статистичко манипулирање.

Потсетуваме дека додека народот го учат дека летување е луксуз, а цигарите и алкохолот се недозволива разонода, владата на ВМРО-ДПМНЕ брутално се расфрла со народни пари. Летаат со приватни авиони, јадат папаја и аспарагус, готват октоподи и бифтек од млади говеда стари од 18 до 24 месеци – сè на трошок на буџетот кој го полни работникот! Тоа е нивниот ‘реформски’ морал: леб и сол за народот, луксуз и раскош за врхушката.

Оваа власт не само што не предлага мерки за подобрување на стандардот, туку свесно ја блокира и одбива секоја иницијатива што оди во корист на обичниот човек. Потсетуваме дека пратеничката група на Левица предложи низа закони од областа на трудовото право, со цел гарантирање на достоинствени работнички услови и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, но ненародното владејачко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ ги одби сите предлози“, порачаа од партијата на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…