Левица: Во градинка во Штип им се барало по 500 денари на родителите на дечињата за завршна приредба

t

Штипската градинка „Вера Циривири – Трена“ освен за фотографирање и влезници за завршната приредба од родителите побарале да ја платат и облеката што децата ќе ја носат на завршна приредба, а таа нема да остане за нив. Сите пари побарале да бидат платени одеднаш. Од „Управата“ им кажале на воспитачките и на негувателките да соберат пари за фотографирање, влезници и облека, а тие приморани да слушаат наредби, ги информираат родителите да донесат пари во КЕШ, велат од политичката партија Левица од каде бараат одогворност за, како што велат тие, петстотките собрани од родителите на дечињата.

-По реакции на засегнати родители, прашуваме:

По кој основ барате по 500 ден. за секое дете „за да се покријат дел од трошоците” за приредба⁉️

Како собирате пари на рака ЗА ОБЛЕКА што останува за градинката, а не останува лично за децата⁉️

Со каква Одлука се дрзнувате на ова⁉️

Каде ви е тендерот за фотографирање и стои ли таму во некоја клаузула по колку и на кој начин ќе ги собирате парите?

500 денари за облека на децата за завршна приредба? А отчет, а сметки, а образложение пред родителите???

За потсетување, од ЛО Левица – Штип пред една година поднесовме иницијатива до Советот за БЕСПЛАТЕН ПРЕСТОЈ И ХРАНА во градинките. Советниците од власта дрско ја одбија‼️ Па дури и без обзир, вие од градинката, барате пари на рака од родителите‼️

Од ЛО Левица – Штип уште денес бараме ОТЧЕТ за ПЕТСТОТКИТЕ што на рака ги собирате за облека на децата за завршна приредба‼️

Дали облеката за тие пари останува за децата или останува за градинката.

Ако гардеробата останува за градинката, а не за децата, зошто родителите да плаќаат?

Зошто во време на енормна скапотија, кога Гарадоначалникот дава МИЛИОНСКИ СУМИ на приватни фирми и продукции, не барате пари од Општина Штип Македонија, туку удирате по џебот на родителите. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва голем народен собир на Левица во…

„Левица“ вечерва во Битола организира народен собир…

Османи во Штип: Ни се нуди да…

Овие избори не се избори помеѓу различни…

(Фото+видео) Хаос во Штип: Излеана нафта по…

Државен инспектор за животна средина од Одделението…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

(Видео) Левица не коалиција со криминалци и…

Јавно ги демантираме малициозните наративи изготвени во…