Левица: Во Македонија нема повеќе простор за рехабилитација на фашизмот

t

Во Македонија нема повеќе простор за рехабилирација на фашизмот, напишаа од Левица на Фејсбук, од каде објавија неколку фотографии од вчерашниот протест во Охрид.

– АНТИФАШИЗМОТ ЈА БУДИ МАКЕДОНИЈА

Духот на антифашистичката победа над силите на мракот засекогаш ќе ги разбранува срцата на нациите победници, кои го изградиле новиот свет, не оставајќи место за идеите за уназадување на човештвото.

Пламенот на победата на македонската и југословенската држава над силите на оската и балканските предавници и слуги, вечно ќе гори во срцата на македонскиот народ.

Во Македонија и на Балканот нема повеќе простор за рехабилитација на фашистичките идеи за потчинување на единството и рамноправноста помеѓу народите на сметка на туѓи империјалистички интереси.

Македонија се буди!, напишаа од Левица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…