Левица: Вработени во општина Брвеница се професионалци за крадење нафта, кој ги штити криминалците градоначалниче?

t

Вработени во општина Брвеница се професионалци за крадење нафта, а некој ги штити, реагираат по локалниот огранок на Левица во Брвеница.

– Стеван Алампиоски, надворешен советник за финансии на градоначалникот на општина Брвеница Јовица Илиевски, и вработениот во општината Стефан Стојановски го полнат резервоарот на своето приватно возило ,,Голф 5″ со општинска нафта.

Додека радијаторите во училиштата се млаки, училниците ладни, се штеди на нафта, општинарите не спијат, оперираат.

Нафтата е стационирана во ,,Домот” во с. Челопек. Жителите на с.Челопек општина Брвеница често пати се сведоци на вакви кражби и реагираат на социјалните мрежи и до надлежните во општината. Иако локалната власт ги има овие сознанија, сепак молчи за овој и многу други криминали.

Кој ги штити овие криминалци градоначалниче? – прашуваат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на нафтата падна под 108 долари…

Цената на Брент се спушти под 108…

Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува…

Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без…

Гласањето во Брвеница денеска започна во 7…