Левица ги исклучи од членство Бранко Ристов од Карпош и Дарко Масларковски од Аеродром – „Расчистуваме со опортунистичкиот џган во нашите редови“
Ја информираме јавноста дека Левица го суспендира и исклучи од членство претседателот на Советот на Општина Карпош – Бранко Ристов, неговата партнерка Живанка Морис – поранешна координаторка на Левица-Дијаспора и советникот во Општина Аеродром – Дарко Масларковски (а.к.а. Пука Козметика). – информираат од политичката партија.
-Дисциплинската одлука е донесена заради превенирање на обидите за роварење на надворешни структури поддржани и координирани од ДПМНЕ да го саботираат процесот на собирање потписи и да нанесат предизборна штета на Партијата, преку таргетирање и контаминирање на идентификувани слаби карики помеѓу членовите.
Напоменуваме дека секој воочен внатрешен обид на непринципиелно и клиентелистичко делување, манипулирање, ширење дефетизам и шурување со одредени центри на моќ – било од обични членови или, пак, од раководни функционери на Левица ќе биде јакобински сосечен во корен! Неспособните кадри, кои се покажаа недостојни на задачата, ќе бидат заменети со нови, вредни, искрени и лојални работници. Тројца расипани си одат, триста чесни доаѓаат!
Во деновите кога испишуваме Историја со собирањето потписи за првиот наш претседателски кандидат, Левица е непоколеблива во својата борба против корумпираниот систем на политичката и бизнис олигархија и нема да толерира отстапување од партискиот курс на неподмитливоста поради ничии лични амбиции, хирови и карактерни маани!
Автентичниот раст и масовната народна поддршка на Левица ги плаши буржујските квислиншки партии СДС и ДПМНЕ, поради што не бираат средства за напади кон нас. Ова е познато и веќе видено сценарио во секој изборен циклус досега, на што сме навикнати – па затоа и овојпат истото ќе биде навремено пресретнато од искусното партиско раководство, кое има целосна доверба и контрола во Партијата.
Затоа, нема да дозволиме изневерување на тешко стекнатата доверба од народот – и бараме оставка на Ристов и Масларковски од функциите кои ги узурпираат во општинските совети и враќање на нивните советнички мандати во рамките на легитимитетот кој ѝ е доверен на нашата советничка листа. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Поранешниот косовски претседател ја попари Османи: НЕ…
Не постои ниту еден тип на имунитет…
Пронајден починат маж во напуштена куќа во…
На 02.08.2024 во 10.51 часот во СВР…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…