Левица го подбра Муцунски: ПР градоначалник, освен ЧАЛАМ реално не видовме ништо конкретно да се реализира

t

Измина една година од мандатот на Градоначалникот Тимчо Муцунски, каде освен гол ПР и шминка, аеродромци ништо не видоа од ветувањата од неговата изборна програма, реагираат од Левица. Тие на Фејсбук објавија видео со нереализирани ветувања на градоначалникот Муцунски.

– Видоа слики и видеа и разни маркетинг алатки, како и епската слика каде влече гранка од паднато дрво. Но реалноста покажува дека ако вака планира да го истера 4 годишниот мандат ќе останеме на неколку детски игралишта (повеќето донации) и некоја закрпена дупка на уличките.

 Капиталните инвестиции нигде ги нема, изградба на градинки, инфраструктура, водовод и канализација се на нула, хигиена и екологија се исто така на нула. Па покрај шеретското откажување од репрезентација и други непотребни трошоци, тешко да помислиме дека за трите преостанати години ќе видиме реално ефектуирање на потенцијалот на Општина Аеродром.

 Сѐ уште нема ништо ниту од ветувањето за културен дом и читална или како го најавуваа заедно со градоначалничката Данела Арсовска – младински ексцелератор и тоа за 90 секунди.

Додека се одбиваат конструктивни иницијативи од Левица и опозицијата, тоа што е прифатено се гледа како да се окити со “туѓи перја”. Како на пример јавната кујна за ранливите категории, за која нема никакво известување до советот за начинот на реализација.

 Тешко е да бидеме оптимисти дека во преостанатите години од мандатот нешто драматично ќе се промени. Вака за една година од владеењето може само да констатираме дека освен гол ПИАР и ЧАЛАМ реално не видовме ништо конкретно да се реализира и да се истакне како добра политика , напишаа од Левица на Фејсбук.

ЛИНК од видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром

Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…

Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…