Левица: Давкова влегува во претседателската трка без легитимитет, со раскол, паника и противстатутарно!

t

Гордана Сиљановска Давкова влегува во претседателската трка противстатутарно и со раскол и панија, реагираат од политичката партија Левица, од каде ја споделија тужбата поднесена од внатрепартиската фракција за начинот на избор на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

– Гордана Сиљановска Давкова противстатутарно и нелегитимно влегува во трката за добивање легитимитет од народот, за да стане претседател на Република Македонија. Партијата на Мицкоски, ДПМНЕ, која е поделена на фракции, го погазила сопствениот Статут при спроведувањето на конкурсот за избор на претседателски кандидат со што оваа одлука е ништовна.

До Управниот суд на РМ е пристигната внатрепартиска тужба, чиј подносител е Оливер Андонов и тоа против неговиот лидер Мицкоски, за грубо кршење на процедурите – со што се наговестува и борба во ДПМНЕ која може да резултира со слабеење на опозицискиот бран во корист на СДС и ДУИ.

На овој начин, потенцијалниот кандидат на ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова, нема да има правна основа ниту ќе има легитимитет да настапи на претстојните избори.

Непосредно пред изборната сезона, станува јасно дека само #Левица има капацитет да ја води опозициската битка на следните претседателски избори. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…