Левица даде поддршка на протестот организиран од страна на пензионерите
Левица, претставувана од Координаторот на Социјалниот сектор Катерина Јовановска, Координаторот на Трудовиот сектор Александар Димитријевиќ, Претседателката на АФЖ Весна Ќираџиева и други членови на партијата, денес заедно со пензионерите излезе на улица за да ја изрази поддршката за барањата на пензионерите.
Нивната борба за добивање на минимална пензија од 20 илјади денари и линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари е апел за социјална правда.
Покрај пензионерите, кои што се стекнале со право на пензија преку старост, овој проблем ги опфаќа и децата на самохрани родители приматели на семејна пензија, како и примателите на инвалидска пензија.
Инаку овој протест, за жал, не доби поддршка од оние од кои најмногу требаше, а тоа се Партијата на пензионерите и Сојузот на пензионерите – кои се докажаа дека се продолжена рака на хибридниот режим на власт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…