Левица: Деловникот на СДС-ДПМНЕ-ДУИ ја озаконува неуставната двојазичност
Крајно штетниот Деловник, кој го изгласа здружената коалиција на СДС-ДУИ-ДПМНЕ, освен што ќе нанесе долгорочни последици врз демократските процеси (каде се лимитира учеството на опозицијата и се прошируваат ингиренциите на Спикерот) – истиот ја легализира неуставната и насилнички воведена двојазичност на Собранието!
Како што во минатото многу пати алармираа пратениците на Левица, нелегитимно избраниот спикер Џафери воведе неуставна пракса во Собранието, каде сите пратеници добиваат двојазични материјали. Ова насилничко однесување се коси со амандманот V од Уставот на Република Македонија и ваквата опасна иредентистичка тенденција води кон дводомен Парламент, со кој целосно ќе се сруши суверенитетот на Републиката!
Дури и пратеничката Гордана Силјаноска – Давкова алармираше дека воведувањето на двојазичност во Собранието е неуставно и најверојатно поради тоа, единствено таа не гласаше за новиот Деловник. Колаборативното однесување на ДПМНЕ во ваквите погубни антимакедонски процеси воопшто не изненадува, со оглед на фактот што истите ја одобрија неуставната двојазичност на униформите, а единствено Левица ги оспори пред Уставниот суд.
Манипулативното и лицемерно однесување на лажната опозиција, која кокетира со великоалбанските идеи, повторно дојде до израз. Иако ДПМНЕ во минатото тврдеа дека т.н. Закон за двојазичност е неуставен и истиот носи ризици кои можат да предизвикаат далекусежни последици, тие повторно ретерираа од своите позиции и беа учесници во уште едно национално предавство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…