Левица: Демант на паушалните обвинувања на Мицкоски

t

Левица ги демантира паушалните обвинувања на премиерот Мицкоски и неговата криминогена партија, кои во обид да го амортизираат нивното катастрофално работење, шират невистини и спинови за единствената легитимна опозиција Левица, реагираат од политичката партија.

– Покрај обидот на Мицкоски да направи сензација од непостоечка тема, мислејќи дека ареолот на криминал кој тие го имаат воспоставено во политиката во однос на нивната Бела палата, ќе се преслика на другите политички партии – ја информираме јавноста дека Левица преку хипотекарен кредит ги обезбеди своите први простории откако постои, како централа за сите политички активности на Партијата.

Односно, купените простории се под залог. Цената на квадратот, како и во сите случаи на купопродажба, е дефинирана со деловни преговори помеѓу продавачот и купувачот (без никакво учество на извршител во процесот). Се работи за подрумски простории, кои се во руинирана состојба. Со спомнуваната банка Левица нема никаква деловна соработка, освен како продавач на овој имот кој бил под стечај веќе две години и пропаѓал.

Документите за купопродажба се јавно достапни во Катастарот на недвижности, иако премиерот на собраниската говорница мафташе со документи како да се службена тајна. Имено, кога станува збор за тајни документи, нам како опозиција повеќе не’ загрижува вмешаноста на високите владини функционери во излевањето на државни тајни кон наркокартели преку своето обезбедување. – соопштија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…