Левица: Додека пратеници со станови земаат вртоглави суми за патни трошоци, работниците во јавното здравство останаа без плата

t

Работниците во јавното здравство останаа без јануарската плата, реагираат од политилката партија Левица.

– Додека пратениците кои имаат сопствени станови во главниот град навремено наплаќаат вртоглави суми пари за патни трошоци што обичниот народ не може да ги заработи за една година, јавните здравствени работници се‘ уште ја немаат земено јануарската плата што најчесто ја земаат околу десетти во месецот. A според законот доколку не се исплати платата во текот на денешниот ден, од утре почнува да тече каматa.

Здравствениот сектор на политичката партија Левица потсетува дека Република Македонија нема можност лесно да го надокнади досегашниот одлив на здравствените работници. За да ги задржиме лекарите и другите здравствени работници треба да им се овозможи соодветна постојана и навремена материјална надокнада за нивниот труд. Државата треба постојано да работи и на подобрување на квалитетот на условите за работа со пациенти во клиниките и сите други здравствени установи.

Како единствена работничка партија, остро реагираме во врска со состојбата на здравствените работнци и апелираме до Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија и до раководствата на Јавните здравствени установи, веднаш да им се исплатaт платите на сите здравствени работници за месец јануари. – реагираат од Левица.

Инфомакс вчера пишуваше за проблемите на лицата кои користат ортопедски помагала, а кои не можат да ги добијат најпрво поради нефункционалниот исстем на ФЗОМ, а потоа и поради вработени на шалтер кои не се присутни на нивните работни места.

Повеќе за тоа може да прочитатле на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…

Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…

По информацијата за само 2 583 студентски…