Скопјани останаа без ортопедски помагала: “Од пелени до инвалидски колички” сè е недостапно затоа што нема вработен на шалтер, а системот на ФЗОМ не работи!

t

Веќе десетина дека системот на Фондот за здравствено осигурување не работи, а причина за тоа, според министерството за здравство, се  технички проблеми во серверската инфраструктура во централата”.

„Прегледите кај матичните лекари се одвиваат нормално, исто е и со издавањето на рецепти и со подигнување на лекови во аптеките. Во моментов има технички проблем и нефункционалност на дел од серверите на Фондот за здравство и тимови работат на дијагностицирање и отстранување на проблемот.” – изјавија од Министерството пред една недела, што звучи како воопшто да нема проблем, но сепак има огромни проблеми.

Лицата кои користат ортопедски помагала не можат да ги добијат истите поради нефункционалност во системот.

Вработен во ортопедска куќа во Скопје ни објасни дека не може да се издаваат “никакви ортопедски помагала од инвалидски колички до пелени”, што е голем проблем за корисниците на помагалата бидејќи не можат да ги задоволат основните потреби.

Како што вели вработениот во ортопедска куќа, една недела немало никакви инструкции од Фондот, како да постапуваат додека системот да почен да работи повторно. Во петокот имале неофицијална инструкција, додека вчера официјално им соопштиле дека рачно ќе се издаваат сите потврди за помагала.

Насоката која била испратена до ортопедските куќи за рачно издавање на потрвди

Некои градови веќе почнале да функционираат така, на пример Тетово, Виница, Прилеп, речиси сите освен во Скопје. Проблемот во Скопје е што не функционира шалтерот во Фонд за здравство кадешто на пациентите им се заверуваат потврдите дека користат помагала. До нашата редакција пристигнаа фотографии од пациенти кои го фотографирале празниот шалтер, без ниту еден вработен, во работно време.

Фотографирано во 13 часот од пациенти

Зошто во работно време немало вработен на ниту еден од шалтерите побаравме одговор од раководителката на сектор за Скопје, Жаклина Стаменкова, која видно вознемирена ни одговори дека шалтерот работи и дека “можно е да се погодило во тој момент сите вработени да излегле некаде, да носеле документи до лекарската комисија”.

Сепак пациентите велат дека вработен таму немало, иако раководителката тврди дека работата се одвива непречено и сите вработени се на нивните работни места и одговараат на рбаотните задачи.

Проблемот за Скопје, како најголема подрачна единица на ФЗОМ е голем, затоа што стотици граѓани секојдневно остануват без помагала кои им се потребни за нормално живеење, како што потенциравме претходно, не можат да се набават од најосновни материјали како пелени, до најсложени како инвалидска количка, а има и голем број останати помагала кои секојдневно им го олеснуваат животот на пациентите.

Ова не е прв пат да се случи хаварија во системот на Фондот за здравство. Ревизорскиот извештај го нотира и следново:

“Во 2020 година регистриран е испад на системот поради откажување на струен кабел за системот за ладење, што довело до исклучување на серверите во систем салата. Иако интегритетот и целосноста на податоците, како и серверите биле зачувани во исправна состојба, санирањето траело долго време како резултат на недоволното познавање на системот од страна на вработените (нема обучен кадар ниту пишана процедура/постапка) и на ненавремената реакција на економскиот оператор задолжен за одржување на системот; Сите процеси преку кои се остваруваат правата од здравственото осигурување во најголем дел се автоматизирани за што се воспоставени околу 30 апликативни модули, но дел од нив не се целосно функционални, делумно се користат или воопшто не се користат. Исто така не е функционален набавениот софтвер, со кој било планирано да се обезбеди целосно поврзување и интегрирано преземање на податоците од различните апликации. Поради наведеното за дел од трансакциите е оневозможено автоматско евидентирање и соодветно прикажување во деловните книги на Фондот, а наместо тоа се прават рачни анализи и евиденции“.

Ревизорите напоменуваат дека “Во повеќе наврати од страна на Секторот за информатика доставени се дописи до одговорните лица на Фондот, во кои е укажано на проблемите со кои се соочува секторот, но состојбата не е подобрена. Со планот за јавни набавки за 2022 година, предвидена е набавка на серверска опрема за консолидација на ИТ инфраструктура на Фондот, како и набавка на услуга за изнајмување на секундарна локација за серверската инфраструктура во случај на испад на примарна локација“.

Испадите на системот на Фондот зачестија последниве две години. Минатата година беше прекината врската меѓу Фондот и системот „Мој термин“ па пациентите не можеа да си купат лек на рецепт во аптеките, а во 2021 година, поради технички проблеми на системот две недели доцнеше ислатата на матичните лекари среде најголем притисок од пациенти со коронавирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити: Воспоставивме електронска платформа за користење светски…

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска…

МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…

Министерството за здравство информира дека над 50…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…

На распит пред Анкетната комисија актуелни и…

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…

Левица: Нема термини за прегледи за рак…

Алармантната состојба во здравството, поради катастрофалните политики…