Левица: До каде е иницијативата за ослободување на бранителите од давачки во O. Гази Баба?
ПРАВДА ЗА БРАНИТЕЛИТЕ!!!
Иницијативата која Левица ја поднесе уште во април во советот на општина Гази Баба со која бранителите од 2001 година би биле ослободени од сите давачки кон општина Гази Баба, сеуште се чува во фиока и не е превземено ништо во врска со неа, поточно не е формирана никаква комисија за да расправа за истата.
Чиј интерес е да ги опструира бранителите кои во 2001 година беа на браникот на татковината и го жртвуваа животот за Македонија да не добијат никакви поволности од општеството за нивната жртва во воениот конфликт?
Левица ЛО Гази Баба апелира до општината за оваа иницијатива да биде формирана комисија и да се предложи во неа да учествуваат членови од сите советнички групи, се со цел целосна транспарентност да постои на процесот, час поскоро и да се формира комисија, за бранителите и нивните семејства да бидат ослободени од било какви давачки кон општината во знак на благодарност.
Левица секогаш стоела зад бранителите и засекогаш ќе стои позади нив!
ЛИНК од видеото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…