Левица до Османи: Непотизмот во МНР е основа на деструктивна дипломатија која слугува на странски агенди

t

Од политичката партија “Левица” реагираат дека непотизмот во МНР е основа на деструктивна дипломатија која слугува на странски агенди.

Тие во нивната објава на Фејсбук наведуваат неколку примери на, според нив, непотистички вработуувања во МНР.

Во продолжение нивната објава на Фејсбук:

– По неуспешниот обид новинарката БЕСМИРА ЕЈУПИ, која скандалозно заработувала хонорари од пет државни институции, да стане генерална конзулка во Њујорк со несоодветна диплома од приватен универзитет, Османи ја вработи во МНР, при отсуство на компетенции, очевидно по сопствена иницијатива.

За овој случај, Антикорупциската комисија најави кривичен прогон на Државниот правобранител Фехми Стафа, како и на градоначалниците Блерим Беџети од Сарај, Висар Ганиу од Чаир, Енвер Пајазити од Брвеница и Борче Митовски од Петровец.

Дополнително, без претходно искуство и соодветно звање, ИВАНА КОСТОВСКА е најновиот вработен во МНР по согласност од деспотот Османи. Се работи за сопругата на пратеникот Мартин Костовски, кој гласаше ЗА „францускиот предлог“ и беше спремен да предизвика насилство во Собранието за бугаризација на Македонија.

Потсетуваме дека претходно за генерален конзул во Чикаго беше испратен синот на провладиниот политички аналитичар, Алберт Муслиу.

Само пред некој ден, Пендаровски ги потпиша указите за амбасадорите во Софија и Брисел (амбасадорски места од исклучително значење за Републиката доколку се земат во предвид случувањата околу заклучоците и преговорите со Бугарија) без да бидат сослушани пред собраниската комисија, со што направи уште еден дипломатски преседан.

Преку низа скандалозни одлуки за кадровски решенија, карактеристични за тоталитарно општество, владејачката клика неминовно потврдуваат дека измеќари на туѓите интереси!

Ангажирање на партиски послушници, кои имаат лични и семејни релации со функционери на СДСМ и ДУИ, е режимска алатка на Владата со тенденција за зголемување на тимот кој ќе продолжи со деструктивните дипломатски одлуки за докусурување на Македонија, велат од Левица.

Денеска Бујар Османи ја обвини Левица дека одработува за проруски интереси во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро

Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…

МНРиНТ: Тврдењата за постоење таен договор или…

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…