Левица: „ДПМНЕ повторно против набавка на нови автобуси за Скопје“
„Уште еднаш, во Советот на Град Скопје, советниците на ДПМНЕ го попречија напредокот на градот и покажаа целосно отсуство на грижа за граѓаните. И покрај тоа што во повеќе наврати беше предложена и поддржана од страна на Левица одлуката за набавка на нови еко-автобуси, која е од критично значење за подобрување на јавниот превоз и заштитата на животната средина, таа веќе две години не може да се реализира поради блокадите на ДПМНЕ“, реагираат денеска од опозициската партија Левица.
Во реакцијата се додава:
“Со нивната победа на локалните избори, тие го започнаа овој период на невидена стагнација и мизерија, а вчера, уште еднаш, го открија своето саботерско и деструктивно лице. Наместо да работат во интерес на граѓаните и да го поддржат развојот на градот, тие избираат да го попречуваат секој чекор кон напредок.
Нивниот лидер ги уверува граѓаните дека ќе ја одблокира работата на градот и Советот, но реалноста е сосема поинаква. Со ваквото однесување, граѓаните повторно се оставени на цедило, без надеж за подобрување на квалитетот на живот во градот. Очигледно е дека ДПМНЕ не е заинтересирана за напредок или благосостојба на луѓето, туку напротив, сака да гледа запалени автобуси низ улиците на градот и луѓе кои се соочуваат со секојдневни потешкотии.
Бесцелно е да се повикува на совеста на советниците од ДПМНЕ за да се преземе одговорност и конечно да се стави крај на оваа деструкција, со што ќе се обезбеди новиот и современ јавен превоз кој граѓаните го заслужуваат – тие тоа нема да го направат. Сега е времето на ДПМНЕ – на манипулации и блокади, наместо вистинска работа во интерес на сите скопјани“; велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…
Обвинение и притвор за лице кое физички…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…
СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…
Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…