Левица: ЕУ ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ НА СДС И ДПМНЕ

t

Европската унија е против скандалозниот закон за поткуп на медиуми кој здружено го донесоа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, реагира политичката партија Левица цитирајќи дел од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

– Скандалозното гласање на пратениците од СДС и ДПМНЕ од пред неколку дена, каде заеднички ја усвоија потребата од носење на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, спротивно на забелешките дадени во експертското мислење, беше нотирано од Европската комисија. И во најновиот Извештај за напредокот на патот кон ЕУ за 2023 година, јасно е наведено дека наместо државни кампањи, на медиумите им се неопходни ОДРЖЛИВИ решенија за нивна поддршка.

Ваквата забелешка од Европската комисија доаѓа по гласањето на пратениците од СДС и ДПМНЕ, кои во шверцерска постапка со ЕВРОПСКО знаменце, едногласно ги усвоија контроверзните измени за ПОТКУП НА МЕДИУМИ – кои претходно Левица ги блокираше. Потсетуваме дека ваквите државни кампањи се спротивни на европските пракси, но ниту власта, ниту лажната опозиција, немаат слух за експертите и новинарските здруженија!

Препораките на ЕК од минатата година остануваат актуелни и во претстојната, а извештајот вели дека е неопходна поголема транспарентност во однос на медиумското огласување од државните институции и политичките партии, а предлог-Законот ќе ја поткопа независноста на медиумите. Со вака предложените измени, Владата и општините ќе издвојуваат и по неколку милиони евра годишно за финансирање на кампањи.

Извештајот нагласува и дека одлуката од пратениците за усвојувањето на законските измени дополнително ќе ја засили коруптивната и клиентелистичка култура во медиумскиот систем.

Носењето на ваквите измени во скратена постапка е уште една ЗЛОУПОТРЕБА на европското знаме од страна на власта, но, овој пат поддржани и од ДПМНЕ. Наместо овие политички елити да се расфрлаат со познатите флоскули за европски вредности, истите треба да дадат објаснување пред јавноста и медиумската фела како е злоупотребено европското знаме за воведување државно финансирање на медиуми – спротивно на европската регулатива. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…

Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…

По информацијата за само 2 583 студентски…