Левица: За време на криза одвојуваме средства за бугаризација – Ни ставаат јамка околу вратот, а јажето сами си го купуваме

t

Од политичката партија левица преку социјалните мрежи реагираат дека во време на криза ќе се издвојуваат средства за бугаризација.

Го пренесуваме нивниот став во целост:

– ЗА БУГАРИЗАЦИЈАТА ЌЕ ОДВОЈУВАМЕ СРЕДСТВА ВО ТЕК НА ЕКОНОМСКАТА КРИЗА

Со Протоколот за најголемото велепредавство, Македонија треба да исполни премногу понижувачки и срамни мерки пред да се одржи вистинската Меѓувладината конференција за комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Пред сè, услов е стапувањето во сила на уставните измени, донесени на сила. Согласно протоколот, Македонија не смее да се меша во внатрешните работи на Бугарија, иако таа има право да врши мониторинг на македонската историја, дури и географија, што во значајна мера ќе го бугаризира нашето културно и историско наследство.

Бугарија ќе ни ги одобрува учебниците, ќе се ифрлат од употреба дел од учебниците и учебните помагала што не се во духот на бугаризацијата, за потоа говорот на вистината да се смета за говор на омраза, затоа што не е во согласност со бугарските фашистички барања.

Нивното право за мониторинг, менување и цензура се проширува и во делот на издавање и финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција, како и на споменици на културата и прослави. Бараат дури и рехабилитација на „жртвите од репресиите во комунистичкиот период.“

Мерките во делот на одбранбената соработка вклучуваат, но, не се и ограничени на: обука на воени лекари за потребите на Македонија; јазична обука и тестирање; учество во регионални одбранбени иницијативи; заштита, одржување и реставрација на бугарските воени споменици и воени спомен-локалитети на територијата на Македонија; принципиелна поддршка и подготвеност за спроведување од страна на Република Бугарија, операција за заштита на воздушниот простор според процедурите и во рамките на интегрираниот систем на НАТО.

Тешко дека ќе ѝ биде одземена меморијата на повозрасната генерација, сè уште се памтат ѕверствата од бугарскиот окупатор извршени не само врз партизаните, туку и врз невини деца и жени во Втората светка војна. И сите фашистички и окупаторски мерки што треба да бидат спроведени од страна на Македонија, ќе предизвикаат и дополнителни ФИСКАЛНИ ИМПЛИКАЦИИ, пари од народот, што во оваа економска криза би значело дополнително задолжување и кратење на развојните проекти.

Јамката која ни ја ставаат околу врат ќе ја платиме ние, а цената е превисока. Јажето ќе си го купиме сами!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По барање на Левица, МОН ги одзеде…

Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…

Апасиев бара одложување на лидерската средба! Утре…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, предмалку на…

(Фото) Европратеникот од Ирска, Мик Волас: Левица…

Познатиот европратеник од Ирска Мик Волас кој…

Левица: Касами повика на рушење на уставниот…

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен…

Левица: Македонските власти ја премолчуваат бугаризацијата на…

Власта во Македонија ја премолчува бугаризацијата на…