Левица за заканите од Мицкоски кон Арсовска: Двете партии дејствуваат сплотено во било кој случај кога динамиката на бипартизмот се загрозува!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера во телевизиско гостување изјави дека Христијан Мицкоски лично ѝ се заканувал.
Арсовска кажа дека добивала закани од Мицкоски со зборовите “Ако не го сториш ова, ќе ти се случи тоа и тоа. Во првиот момент кога ќе станам премиер ќе те влечеме по улици, ќе бришеме под со тебе…”
За ваквите изјави на градоначалничката, односно за заканите од Мицкоски побаравме став од политичката партија Левица, од каде што велат дека идеолошки ослободените партии кои се водат од личен интерес опстојуваат единствено од нивното присуство во институциите.
Во продолжение ставот на Левица:
– Во низата аномалии кои се содржат во нашиот политички систем, оваа година доаѓа до израз растроеноста на институциите, поради неможноста да се издржи кохабитацијата на централната и локалните власти, укажувајќи дека политичката волја и интересите на раководствата на големите партии предничат во однос на народната волја.
Двата политичко-криминални конгломерати, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ својата моќ ја влечат од народните институции, директно преку испумпување на народните пари, партиски вработувања и нелегитимното и постојано повеќедецениско располагање со државниот апарат.
Иако позадинските структури фигурираат, идеолошки ослободените партии кои се водат од личен интерес опстојуваат единствено од нивното присуство во институциите.
Нивното меѓусебно расчеречување, може да се забележи, дека секогаш престанува и се заменува со насочено и сплотено дејствување во било кој случај кога динамиката на бипартизмот се загрозува.
Затоа, кога на било кој од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ му демне закана од испуштање на институциите, не можат да нè изненадат во поглед на која крајност целат.
Што освен деструктивност да очекуваме во услови на политичка несигурност, кога извесност и стабилност тие структури никогаш не ѝ обезбедиле на Македонија? – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…
Во попладневните часови поради дефект на далекувод…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…