Левица: Криминалното дувло во Центарот за социјални работи во Тетово се шири

t

Скандалот со вработените во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега и тоа ретроактивно (кој беше откриен на почетокот од годинава), а во кој беа вмешани еден раководител и неколкумина вработени, продолжува со нов #скандал со исплата на социјална пензија на роднина на вработен во Центарот, се наведува во соопштението на Левица.

„И покрај тоа што вработените во Центарот кои ги вршеле овие незаконски дејанија, по покрената постапка од Јавното обвинителство и по признание на ВИНА за несовесно работење во службата и биле задолжени да платат по 18.000 денари – истите не само што продолжиле со работа, туку и натаму продолжува злоупотребата на системот. Ова отвора сомнежи дека станува збор за поширока мрежа на злоупотреби и покажува дека или не постои никаква контрола или намерно ваквите случаи се игнорираат од страна на министерот Фатмир Лимани. Со ова, министерот Лимани испраќа опасна порака дека злоупотребата на јавните пари и газењето на социјалната правда поминуваат без реални последици. И во двата случаи одговорноста не смее да заврши неказнета“ велат од Левица.

Од Левица потенцираат дека „уште на почетокот на годината укажуваше и алармираше за случајот во Тетово и побара одговори како е можно лица кои самите признале дека несовесно работеле и го оштетиле буџетот да бидат сѐ уште вработени во Центарот. Но, од министерот Лимани не само што не добивме одговор, туку за овој случај имаше целосен молк“.

„Бараме темелна истрага на овие случаи, како и јавна отчетност со конкретни постапки и санкции за сите инволвирани лица во овој скандал. Не санкционирањето на лицата инволвирани во овој начин на злоупотреба на јавни средства значи преќутно одобрување и соучесништво во криминал и корупција. Социјалната заштита не смее да биде приватен канал за злоупотреба. Додека тоа се случува, секој граѓанин има право да праша: кој навистина ги штити најранливите?“ е партискиот став.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж од Тетовско две години ѝ барал…

Маж од Тетовско две одини ја уценувал…

Му побарале уплата на шалтер, тој го…

Инцидент се случил во Клиничката болница во…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Сојуз на борци од Тетово: Не смее…

Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашстичка…

139 деца на педијатрија за 48 часа…

Високите температури кои преовладуваат во последните денови…